Избрана статија за оваа седмица
|
Италијанската култура може да се пофали со неколку светско познати градови. Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Рим бил античка престолнина на Римското Царство и седиште на папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметноста. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, скулптори, поети, музичари, математичари и архитекти. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала нација-држава.
Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на операта. Исто така земјата е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48). Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, 216 археолошки наоѓалишта, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе. (Дознај повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:

- ...дека факсот е измислен 11 години пред телефонот?
- ...дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
- ...дека охридското село Велмеј има дури 26 археолошки наоѓалишта?
- ...дека Блаженствата се девет препораки на Христос („Блажени се...“) изречени во неговата Беседа на гората?
- ...дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
- ...дека кај тиквешкото село Росоман се наоѓало едно од двете речни пристаништа во Вардарска Македонија, од кое се испорачувале земјоделски производи во Солун сè до 1912 година?
- ... дека композиторот Јохан Себастијан Бах имал дури 20 деца со две жени (7 со првата и 13 со втората)?
- ... дека папагалот мал александар (Psittacula krameri) го носи името на кралот Александар Македонски, за кој се смета дека ги довел птиците од овој род во Средоземјето од Индија како подароци за аристократијата и дипломатите?
- ...дека Смолика во Гребенско е втора највисока планина во Егејска Македонија (и цела денешна Грција), веднаш по Олимп?
- ...дека патристиката е наука за црковните отци и нивното дејствување во обединувањето на античката филозофија со христијанското учење?
- ...дека Елбрус (5.642 м) на Кавказ е највисоката планина во Европа?
- ...дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
- ... дека со само 30 жители (2011), Хум на Истра е најмалиот град во светот?
- ... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
- ... дека островот Удово кај истоименото село на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор остров по површина во земјата?
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
|
|