Пангеја - најмладиот суперконтинент кој постоел од пред 300 до 180 милиони години. На картата се назначени контурите на денешните континентиРаспаѓање на Пангеја
Пангеја (грч. Πᾶνγαία - сите земји, од грч. πᾶν — се и грч. Γαῖα — Земја) е назив за суперконтинентот кој настанал во времето на палеозоикот и мезозоикот, пред процесот на тектонски плочи не го раздвоил Лавразиј на Северната Земјина полутопка и Гондвана на Јужната Земјина полутопка. Тие два новонастанати континенти ги раздвоил океанот Тетида, а тие и понатаму се делеле на денешните континенти. Името го дал Алфред Вегенер, промотер на идејата за поместување на континентите од 1915година. Водената маса која го опкружувала Пангеја се нарекувала Панталаса (од грч. θάλασσα — море).