SI-претставката за илјада е кило- (крат. к) што се става како претставка на единица, како на пр. метарот, добивајќи километар (км). Истото „к“ се среќава и во други ситуации за да се означат илјади, најчесто во изразување на паричен износ.
Збирот на Ојлеровата фи-функција на првите 57 цели броеви изнесува 1000.
промил (‰) — дропка што претставува илјадити дел од некој износ.
Време
Едно илјадалетие (милениум) е еднакво на 1000 години
во фразеологијата на македонскиот јазик, зборот „илјада“ има преносно значење за многу голем број, како во примерот: „Старите дрвари знаат илјада начини да го соборат брзо дрвото.“[1]