Lungs e името на првиот албум од инди-поп групата Florence and the Machine, издаден на 6 јули2009 со помош на издавачката куќа Island Records. Албумот се искачил на второто место на Британската Табела за Албуми пет недели по неговото издавање, веднаш зад компилацијата The Essential Michael Jackson од Мајкл Џексон.[1] На 10 јануари 2010, албумот повторно се вратил на втората позиција продлабочувајќи го својот престој таму за шест непоследователни недели. Наредната недела албумот се искачил на првото место и останал таму две последователни недели. До денеска албумот има поминато шеесет и пет последователни недели меѓу првите четириесет албуми, а исто така има поминато триесет и три недели меѓу првите топ десет. Lungs исто така се искачил на второто место на Ирската Табела за Албуми каде останал шест недели. Албумот бил главен фаворит за Меркур Награда од 2009, а исто така спечалил генерално позитивни критики од музичките критичари.